ВИДЕО: Во Радовиш откриен споменик за загинатите бранители во конфликтот во 2001

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов, пред Полициската станица во Радовиш денеска открија спомен обележје во чест на загинатите полициски службеници- Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев.

Министерот Спасовски истакна дека во темелите на државите се вградени и живототите на хероите, кои со своите дела се пример за сите.

– И Република Македонија е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, наши браќа, синови, татковци… И затоа денеска, кога овде во Радовиш ги споменуваме имињата на вашите и наши сограѓани и колеги – Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев, свесни сме за долгот што ни е оставен, за благородната, човечка и доблесна обврска да водиме грижа и да не заборавиме- никогаш, за нив и за нивната жртва, рече министерот за внатрешни работи Олиер Спасовски во обраќањето.

Додаде дека должност е пред нив да го чуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство.

Градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов во своето обраќање потенцира дека градот Радовиш секогаш ќе им оддава почит на хероите за нивната храброст, тројцата млади луѓе кои животот го дадоа служејќи и на својата татковина.

По откривањето на спомен плочата министерот Спасовски се сретна со градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов.

Би можело да ве интересира

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он