ВИДЕО: Во Кукуш промовиран заеднички проект со општина Струмица

Од:

Претставници на општина Кукуш, Република Грција и на општина Струмица, Република Македонија, заеднички го промовираа проектот „Заштита и промоција на природното и културното наследство во прекуграничниот регион на општина Струмица и општина Кукуш – Наследство”, финансиран од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 – 2013.

Средбата се одржа вчера, во центарот за конференции на општина Кукуш, која беше и организатор на истата. Со оваа средба и официјално беше отворен прекуграничниот проект „Наследство“, а проектните тимови на двете општини дискутираа за планираните проектни активности, очекуваните резултати и влијанието на проектот врз прекуграничниот регион Струмица – Кукуш. Од името на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица, на присутните им се обрати Катерина Кузмановска, член на Советот на општина Струмица, која истакна дека овој проект има огромно значење и за двете општини.

-Преку овој проект, нашите општини воспоставија успешна и плодна соработка преку размена на искуства, знаења, комуникации и информации, и сето тоа во насока на остварување на крајните цели на проектот, како што се: Да се зголеми атрактивноста на прекуграничниот регион Струмица – Кукуш за туристите и инвеститорите преку мапирање, конзервација, подобрување на видливоста и промоција на природното и културното наследство. Да се зголеми ефективноста и ефикасноста во заштитата и одржливоста на природното и културното наследство на јавната администрација и другите засегнати страни. Да се стимулира прекуграничната соработка преку размена на искуства и проширување на соработката во областа на заштитата и промоцијата на природното и културното наследство. Да се подобри капацитетот на човечките ресурси сѐ со цел да се искористат непроценливите природни и културни ресурси во развојот на одржливиот туризам. Затоа, од особен интерес е во иднина да воспоставиме уште посилни релации, да се фокусираме на конкретни резултати и да работиме во функција на остварување на нашите заеднички цели и приоритети, а тоа е проектните партнери да направат историска „реконструкција” на културното наследство од прекуграничниот регион Струмица – Кукуш, под слоганот „Од Струмица до Кукуш – На патот на нашите предци”, рече Кузмановска.

За поранешниот градоначалник на општина Кукуш, Анастасиос Аманатидис, Кукуш и Струмица, имаат многу заеднички белези за соработка.

-И ние имаме црква на Светите петнаесет маченици, а исто таква, стара христијанска црква има и во Струмица. Не знам колку е развиено христијанското чувство, но сакам да ви кажам дека ние тука во Грција ги прогласивме за заштитници на градот Кукуш. Посакувам, оваа соработка да продолжи понатаму и на други полиња, рече меѓу другото, Аманатидис.

Според Џоко Ристовски, раководител на одделението за меѓугранична соработка и европски проекти при општина Струмица, овој проект беше меѓу двaсетте одобрени во вториот повик за проекти и предлози, а на кој учествуваа вкупно 180 апликанти.

-Од сите 180, овој проект беше најдобро рангиран, а започна да се имплементира во декември 2012 година, а неговото времетрање е 26 месеци. Проектот чини 944.659.050 евра од кои општина Струмица 324.659 евра, општина Кукуш 300 илјади евра и 320 илјади евра има регионот на Кукуш, рече Ристовски.

Во рамките на оваа посета на Кукуш, претставниците од општина Струмица посетија некои од најзначајните културно – историски локалитети и споменици во Кукуш, меѓу кои и црквата „Св. Ѓорги“ која е дел од имплементацијата на проектот „Наследство“. Инаку, најзначајна  активност во овој проект за општина Струмица е конзервација, реставрација и делумна реконструкција на делови од тврдината „Цареви кули“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски