ВИДЕО: Во Центар отворена првата читална „Славко Јаневски“

Од:

Во Центарот на Скопје се отвори првата читална која го носи името на македонскиот писател Славко Јаневски. Покрај сопругата Вера, на отворањето присуствуваа и голем број познати личности, меѓу кои и Томе Серафимовски, кој изработува и на читалната ќе и подари скулптура со ликот на Јаневски.

Читалната има над 4.000 книги, од кои најголем дел се донација на „Култура“ на Трифун Костовски, потоа книжарниците на „Матица“, „Младинска книга“ и „Матица на иселениците“.

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски им е заблагодари на донаторите, велејки дека без нивна помош немало да успеат во идејата за реализација на проектот.

– Граѓаните го препознаа ова дело. Последните години во Центар се’ повеќе се’ отвораат коцкарници и кладилници, а ваквите места некако изумираат. Граѓаните сакаат и ќе имаат повеќе вакви читални – изјави Жерновски.

Поетот, литературен критичар и директор на „Телма“ Ристо Лазаров, нагласи дека колку повеќе што минуваат овие улави транзициски времиња, името на Славко Јаневски ќе остане да се врежува во македонската историја. Тој порача дека луѓето со кус читачки кислород самите се мамат дека се среќни и безгрижни.

– На таквите луѓе им е доволно ако заскитаат во некоја Комисија, во која друг ќе им чита, а други ќе гласаат. Има луѓе чии не причитале ни една книга и го употребуваат речникот на клевета. Делата на Славко Јаневски како вечен факел ја осветлуваат темната страна на македонските духовни врвови – изјави Лазаров.

Роза Топузовска – Каревска од општина Центар вели дека деновиве со една дискутабилна одлука на Комисијата за верификација на фактите се оцрни името на Славко Јаневски. Но, како што вели таа, сепак неговите дела ќе останат за генерациите кои доаѓаат.

– Одлуката за првата читална да се вика „Славко Јаневски“ е затоа што токму тој е автор на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“ – вели Топузовска – Каревска.

Во следниот период, општина Ценар планира да отвори уште седум читални, кои ќе ги носат имињата на познати македонски писатели.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила