(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Зошто се менуваат наставни кадри сред учебна година?

Од:

„Во Гевгелија не дојде подобар живот. Се крадат идеи на претходното раководство и се бркаат наставници од градинките и училиштата“. Ова го изјави на прес-конференција Андон Сарамандов, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.

„Подобар живот не дојде, но има задолжување од 1 милијарда и 300 милиони евра, имаме поскапа цена на нафтата, имаме поголеми даноци и има воведување нови категории даночни обврзници. Со доаѓањето на СДСМ на власт македонскиот народ повторно почна економски да осиромашува. Не требаше да помине многу време да сфатиме дека единствена причина поради која СДСМ дојде на власт е нивната визија, а тоа е распродажба на македонскиот идентитет за краток временски период. Тоа сега им е јасно дури и на активистите и симпатизерите на СДСМ кои сега се чувствуваат изневерено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека општината во изминативе 8 месеци почнала со реализација на 2 проекти, од кои едниот бил поврзан со добиениот грант од КФВ банка во износ од 2.500.000 евра за програмата за водовод и канализација во Општина Гевгелија, а другиот е уредување на излетничкото место Динќут, кое почна со реализација пред некој ден.

„Да ве потсетиме, овие два проекта се добиени во време кога локалната власт во општина Гевгелија ја практикуваше ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните тоа го знаат и очекуваат од вас нови и оригинални проекти“, рече Сарамандов, кој тврди дека претходно токму актуелното раководство било најголем противник на изградба на мини депонијата во село Ново Конско.

Од ВМРО-ДПМНЕ додадоа и дека вработените во детските градинки еден месец немале здравствено осигурување, а се менувале и наставни кадри во основно училиште сред учебна година.

„Во понеделникот во основното училиште ‘Крсте Мисирков’ дојде до бојкот на наставата во некои паралелки? Зошто се менуваат наставни кадри сред учебна година? Бркањето од работа од училиштата, од градинките и од другите установи нема да донесе подобар живот, напротив последиците од вашите погубни политики ќе ги почувствуваат сите граѓани на Општина Гевгелија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање