(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев се повеќе се заплеткува во мрежата од фирми која ја создаде

Од:

Јавните претпријатија кои се во надлежност на општина Струмица доделувале јавни набавки на фирмите на семејството Заеви и нивните бизнис ортаци, а за возврат општината доделувала јавни набавки на фирмите на блиските роднини на директорите на истите јавни претпријатија. Ова го истакна на денешната прес-конференција Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, тоа е начинот на кој Зоран Заев им се оддолжувал на директорите кои ги поставува и му одговараат за својата работа директно нему.

Ивановски на прес-конференцијата презентираше документи кои, како што рече, го потврдуваат и го разоткриваат овој испланиран систем.

– Фирмата Хит Бекатон ДООЕЛ Струмица која во моментот на склучување на договорите за јавни набавки била во сопственост на Костаке Трајков, шура на Панче Орцев, добила  јавна набавка на 17.06.2010 во износ од 1.519.179 денари за изведба на работи. Овој договор на Општина Струмица со шурата на Панче Орцев е склучен во време кога Орцев бил директор на ЈПКД Комуналец. Тој оваа функција ја врши до парламентарните избори во 2011 година кога добива пратенички мандат, рече Ивановски.

Орцев, како што истакна, директно назначен од Зоран Заев за директор на ЈПКД Комуналец, доделувал договори за јавни набавки на фирми од семејството Заеви и нивните бизнис ортаци, а Заев, пак, јавни набавки на шурата на Орцев.

– Зоран Заев нека не се вади со директорите на јавните установи кои се под негова директна надлежност. Со овој случај, станува јасно дека тој еднаш им обезбедува јавни набавки на фирмите кои се во сопственост на луѓе кои им се блиски роднини на директорите, за да може потоа директорите да склучуваат договори со фирмите од фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци, а сите заедно учествувале во добро испланиран октопод за лично и семејно богатење, рече Ивановски.

На прес-конференцијата тој го обвини СДСМ дека упорно избегнува да одговори и да признае дека општина Струмица и општинските јавни институции давале јавни набавки и трансферирале пари на фирмите во сопственост на Заеви.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап