(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев да признае колку фирми блиски на неговото семејство добиле тендери

Од:

Наместо да се правда со празни соопштенија ВМРО-ДПМНЕ го повикуваа струмичкиот градоначалник Зоран Заев  јавно да признае колку фирми на неговото семејство и нивните бизнис ортаци добиле јавни набавки во oпштина Струмица.

Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција рече дека Зоран Заев на фирмата на својот пријател и бизнис ортак на неговиот брат Вице Заев, Горан Крстев, изминативе пет години им овозможил да стекнат над 1 милиони 600 илјади евра преку јавните набавки кои фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица во изминативе пет години ги склучувала со општина Струмица и општинските институции.

– Ова е огромен скандал. Ова е вистината за системот кој што е создаден од Зоран Заев, а чија цел е излевање на пари на граѓаните на Струмица на сметките на фирмите од неговото семејство и нивните бизнис ортаци, рече Стамов.

Истакна дека Зоран Заев ја претворил фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица во главниот набавувач на гориво, екстра лесно масло за греење и други стоки за потребите на општина Струмица и институциите под нејзина надлежнност.

– Зоран Заев на Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица му овозможил да добие 11 јавни набавки во изминативе години со вкупна вредност од 101.354.456 денари. Од нив 83.322.641 денари фирмата Јавор Шпред ги добила од јавни набавки склучени директно со општина Струмица, а 18.031.815 денари ги добила од јавни набавки склучени со ЈПКД Комуналец, истакна Стамов.

Видливо е, како што додаде, дека Зоран Заев се крие и дека не сака да признае, туку се обидува на секој начин оваа тема да се заборави.

– Зоран Заев сака и понатаму бизнисите во Струмица да ги водат само фирмите од фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци кои имаат фирма за речиси секоја јавна набавка во општината, рече Стамов и додаде дека ниту е морално, ниту е политички одговорно тоа што Зоран Заев го прави во општина Струмица.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ