(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Во Струмица се изигруваат законите за набавките да ги добијат утврдени фирми

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција презентираше постапки за јавните набавки во Струмица со кои, како што тврдат, се изигруваат законите со цел набавките да ги добијат претходно утврдени фирми на пријатели и роднини на градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ Зоран Заев.

– Во еден ден, на 26.04.2010 година, Општина Струмица склучува дури четири договори со фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица со иста намена, асфалтирање на улица во село Дабиле. Оваа фирма е во сопственост на Динчо Иванов, сопруг на пратеничката Цветанка Иванова. Вкупната сума која преку овие договори е исплатена на фирмата на Иванови е 1.029.539 денари, изјави Борче Стамов. Набавката, како што рече, е свесно поделена на четири дела за да се избегне законската обврска за распишување тендер. Овие четири договори биле склучени со непосредна спогодба.

Ова, според Стамов, е еклатантен пример како се изигрува законот и наместо да распише тендер, Заев за една иста градежна работа склучил четири различни договори и во ист ден, со иста фирма.

Првиот договор бил за асфалтирање улица во Дабиле од куќен број 36 до куќен број 63а во вредност од 337.185 денари со ДДВ. Вториот договор бил за асфалтирање улица во Дабиле, од куќен број 9 до куќен број 12 во вредност од 205.108 денари со ДДВ. Третиот бил за асфалтирање улица повторно во Дабиле од споменикот до куќен број 129 во вредност од 247.517 денари со ДДВ, a четвртиот за асфалтирање улица во Дабиле, овојпат во должина од три куќни броја од 330 до 332, со вредност од 239.729 денари со ДДВ.

Повторно денеска ВМРО-ДПМНЕ побара од Заев да им се извини на граѓаните обвинувајќи го за судир на интереси.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лажни вести за политичко поентирање

ВМРО-ДПМНЕ: Стратегија Македонија 2030 со шест носечки стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава

Горан Наумовски

Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е предмет на преговори

А1он

ВМРО-ДПМНЕ на конгрес во Кавадарци, се очекува реизбор на Христијан Мицкоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

А1он