А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку животи треба да згаснат за министерот Филипче посериозно да се зафати со работата 

by А1он06/03/2019 - 15:4206/03/2019 - 15:42298
Share0

Денеска почина уште едно девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција. Вчера почина 12 годишно девојче, едно од низата кои починаа од грип. Досега грипот однесе 5 животи од кои едно е 5 годишно девојче, 14 годишно девојче, 12 годишно девојче, 25 годишна девојка и 80 годишен маж. Уште колку животи треба да згаснат за министерот Филипче посериозно да се зафати со работата, да се свести и да прогласи епидемија, изјави на прес-конференција, Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Одговорност за ова од Филипче нема.  Заеви се расфрлаат со пари по виенски балови и луксузни спа центри, а здравствената нега зависи од донации. Додека Филипче шета и се фали со донации, македонското здравство паѓа на сите листи во светот.

Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место. Денес според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места.

Следете a1on на Youtube YouTube

Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.

Што се случи од тогаш до сега? Одговорот е јасен, на македонското здравство му се случија аболицираниот Зоран Заев и неспособниот Венко Филипче. Затоа здравството тоне, а граѓаните ја плаќаат неспособноста со своите животи и животите на своите најблиски.

Време е за одговорност, бидејќи хаосот во здравството станува се поголем“, ијзави Славева.

ministerstvo z zdravstvoministerstvo za zdravstvovenko filipcevmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он15/10/2026 - 20:52

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он15/10/2026 - 15:4215/10/2026 - 15:47

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски11/10/2026 - 13:4511/10/2026 - 15:21

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он10/10/2026 - 21:0710/10/2026 - 21:08

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он10/10/2026 - 14:1510/10/2026 - 14:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео