(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Средства од ребалансот за дислоцирање на депонијата во Тетово

Од:

Централната власт итно, со ребалансот на Буџетот, да предвиди средства и да почне постапка за дислоцирање на депонијата во Тетово, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави денеска Ивица Ѓорѓески, Општина Тетово и надлежните институции се глуви на апелите и барањата на граѓаните, а градоначалничката Теута Арифи нема намера да го реши овој проблем.

– Сред лето, на помалку од еден километар од градот се наоѓа целото ѓубре кое се собира во Тетово. На стотина метри од градскиот пазар и на десетина метри од стопанските и станбените објекти се наоѓа дива депонија која функционира во субстандардни услови. Од 100 до 150 тони ѓубре дневно се собира во градот и се складира на несоодветно место, а поради неодговорноста на градските служби се случува со денови делови од градот да останат со несобрано ѓубре по контејнерите поради што низ целиот град се појавуваат по десетина мини диви депонии под прозорите и пред вратите на граѓаните, укажа Ѓорѓески.

Според него, проблемот со депонијата е премногу сериозен за да се премолчи.

– По лошото искуство со струшката депонија, граѓаните на Тетово со право се плашат дека тоа може да се повтори и во нашиот град. Само што овојпат последиците ќе бидат несогледливи, предупреди Ѓорѓески.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?