ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ со комеморативна седница во чест на Георгиевски, Аналитичкиот центар на партијата ќе го носи негово име

Од:

Денес во седиштето ВМРО-ДПМНЕ се одржа комеморативна седница во чест на Неговата екселенција, професорот, Љубиша Георгиевски.

При самата комеморативна седница се обрати Роберт Вељаноски, кој посочи дека да се биде современик на безвремениот Љубиша Георгиевски е привилегија со која човекот Љубиша Георгиевски не почести сите нас. Неговата татковска трпеливост и бескрајна духовитост, ја чинеше секоја средба празник за умот и душата. Беше ласерски прецизен во мислата и зборот, умерен кога нудеше и бескрајно дарежлив кога даваше совет. Љубиша Георгиевски беше човек доследен на својот професионална определба. Беше човек сега и овде. А, беше присутен секаде каде што требаше и секогаш кога требаше.

Љубиша Георгиевски достоинствено и ненаметливо, беше активен учесник, поддржувач и еден од креаторите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој несебично се вложуваше себеси во идеологијата во која безрезервно веруваше, идеологија која тој длабоко ја чувствуваше во своите дамари и која ја препознаваше во сопствениот ген. Би требало да се истакне дека е непроценлив неговиот придонес во политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на македонската култура, каде на располагање го стави сиот свој раскошен интелектуален и човечки потенцијал и капацитет.

По завршување на обраќањето на Роберт Вељаноски, свое обраќање имаше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Професорот Љубиша Георгиевски беше еден од ретките интелектуални и плодоносни синови на оваа земја кој остави зад себе неизбришлива трага која ќе се памети низ годините и децениите што следат.

Луѓе растеа, живееја и остаруваа со неговото творештво. Неговите сестрани дела се додадена вредност во културната, театарската, филмската и научната сфера на нашата мила татковина. Неговиот бистар ум и течна мисла ги доловуваше најсуштествените аспекти на човечкиот живот. Неговите филмови остануваат историско благо за нашата татковина. Синовите на една нација не се забораваат, тие продолжуваат да живеат, да се споделуваат, да се сеќава нацијата на нив.

Ниче велеше најтивките зборови носат бура, а мислите кои доаѓаат тивко на прсти, управуваат со светот. Таков беше професорот, тивок, иако ненаметлив, но доминантен, и впечатлив човек кој умееше со неговата ненаметливост да стане предводник на процесите, да биде вистински предводник на една генерација која со себе носеше мудрост, знаење но и визија“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања