(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го крши Статутот и Деловникот за работа на Советот на Општина Ресен

Од:

„СДСМ грубо ги крши Статутот и Деловникот за работа на Советот на Општина Ресен. СДСМ уште на првата седница не го испочитува Статутот и Деловникот за работа, на тој начин што непропорционално ги изгласа комисиите по мандати. Таквиот начин на непрофесионално работење продолжи и на сите последователни седници. На материјалите за точките од дневниот ред беше запишано само името на предлагачот и тоа „Кабинет на градоначалник”, а не и кој ја изготвил таа точка како предлог на дневен ред. Исто така изгласуваат одлуки без констатиран кворум. Непрофесионалниот однос беше истакнат и на петичната седница посебно од страна на Претседателот на Советот, каде ги заборави своите надлежности и седницата ја водеше како да е во кампања.

Како сведоци на таквиот пристап, кон таквиот начин на прекршување на подзаконските акти, конкретно за точката 8 од дневниот ред на последната седница на Советот, за Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за именување и дополнување на Статутот на детската градинка „11-ти Септември – Ресен“, се јавив за збор, а притоа не беше испочитувано моето право на збор. Потенцирав дека ова е важна точка за која треба ꞌи согласност од нашата советничка група, но треба и појаснување од страна на стручните служби. Со оглед на тоа што немаше претставник од страна на предлагачот за оваа точка и со оглед на тоа што во моментот на оваа точка немаше претставник од стручните служби, Претседателот на Советот дрско ме прекина со зборовите, цитирам: „Статутот треба да се усогласи со соодветното министерство”, без да ми даде можност, процедурално да се произнесам и точката ја стави на гласање. Сепак, истата таа точка беше помината со кршење на Деловникот како и на член 89 до Деловникот за работа на Советот каде јасно стои дека при донесување на програмите и одлуките, предлагачите присуствуваат на седниците на Советот и по потреба даваат стручни појаснувања.

После вакво нестручно постапување од страна на Претседателот на Советот, ние, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштивме седницата бидејќи не сакаме да бидеме дел од неспроведување на подзаконските акти.

Жално е, што ова не е прв пат, СДСМ да не почитува постоечки прописи. Жално е што СДСМ ја силува општината и локалната власт“ рече Александар Шуковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми