(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Прилеп ќе продолжи да биде една од најхуманите општини

Од:

Граѓанинот мора да е секогаш на прво место, особено во фокусот на унапредување на социјалните права и превенции. Токму во таа насока на подобрување на условите и услугите во областа на социјалната заштита и превенција во општина Прилеп ќе ги реализираме следните проекти, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска на прес-конференција.

– Ќе продолжиме да ја развиваме мрежата од дневни центри за стари лица, а во септември 2019 година, во општина Прилеп планираме да отвориме Дневен центар за возрасни лица со тешка и најтешка попреченост. Актуелниот кандидат за градоначалник Марјан Ристески и новиот Советот на Општина Прилеп ќе донесат одлука за доделување на еднократна парична помош од 12.000 денари на семејствата кои имаат принова и живеат на територијата на Општина Прилеп. Ќе ја продолжиме практиката за склучување на договори за вршење јавни работи со лица кои се од социјално ранлива категорија. Договорите ќе бидат склучувани за период од најмалку девет месеци, а програмата ќе се реализира континуирано секоја година, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, со цел да им се помогне на инвалидизирани лица кои живеат на територијата на општина Прилеп, ќе обезбедат набавка на електрични колички, а исто така ќе продолжат со организирање на хуманитарна акција за помош на младите од социјално загрозени семејства со што ќе се поставуваат известувања на веб-страната на Општината за потребата од донирање на парична помош, облека, спортска опрема, спортски реквизити, со назив „ДОНИРАЈ!“.

– Ќе организираме кампањи за борба против пороците кај младите, ќе отвориме центар за поддршка на млади лица со хендикеп и посебни потреби каде лицата ќе имаат можност да стекнат одредени работни и професионални вештини, ќе продолжиме да организираме крводарителски акции и хуманитарни турнири во фудбал, кошарка, ракомет и слично и со право ќе го заддржиме епитетот – Прилеп, една од најхуманите општини, која секогаш дава голема поддршка на социјално ранливите категории. За нас граѓаните се пред се! Заедно да продолжиме да ја градиме општина Прилеп и да го унапредуваме квалитетот на живот на нашите сограѓани! Ве повикуваме, на 15 Октомври, да го заокружите бројот 13. Да кажете да, за Прилеп! Да за економски и социјален напредок на општина Прилеп, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и дрско е СДС да зборува за темелите на македонската државност откако променија знаме, име и Устав