ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ Прилеп обвинува за незаконско поставување директори

Од:

Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го обвини градоначалникот за незаконско поставување на директорката на градинките во Прилеп.

„Г-дине градоначалник, Илија Јованоски, Ве повикуваме пред целата јавност да кажете по кој закон е именувана директорката на градинките во Прилеп Благица Филипоска, која вчера по Ваша наредба си поднесе оставка во попладневните часови и на нејзино место експресно ставивте за директор друг човек?“, прашуваат од партијата.

Од таму велат дека Филипоска со наредба на Јованоски е вработена со договор за еден месец на место помошник раководител на една од градинките на 24 ноември лани, за да само по 3 дена, т.е. на 27 ноември е именувана за в.д. директор на градинките во Прилеп.

„Минатата недела веќе ги повикавме и просветниот и трудовиот инспекторат да ја исконтролираат работата во училиштата и градинките во Прилеп. Сега повторно ги повикуваме истите тие веднаш да преземат соодветни мерки“, велат од партијата.

Од таму ја повикуваат и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, да каже како оваа, како што велат, незаконски поставена в.д. директорка потпишуваше документи и каква одговорност имаат сите погоре посочени страни?

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците