(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Крвавото сценарио на СДСМ излезе на виделина

Од:

„Опозициските повици за демократија се стишуваат со секој инцидент предизвикан од нивна страна. Досегашните провокации кон прилепчани кулминираа со вчерашниот физички напад врз татко и син во населбата Рид.

– Пред очите на Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, органите на обезбедувањето од едниот ортак на бизнисот на господинот Сугарески физички нападнаа недолжни граѓани. Син кој го носел својот татко, срцев болесник, до прилепската болница притоа насилно вадејќи ги од нивното возило и нанесувајќи им телесни повреди. Во меѓувреме толпата извикувала фашизоидни пароли пред месните штабови на ВМРО-ДПМНЕ „Живи ќе горите“ „На колец ќе ве набодиме“  и упатувала слични закани.

– Токму ваквите случувања зборуваат за тоа каква е уличната демократија на Црвенковски. Ова е сценариото на хаосот на Бранко Црвенкоски кое води кон крвопролевање и братоубиствени немири. Токму со ваквите инциденти членовите и раководството на СДСМ го потврдуваат она за што ние говориме, СДСМ сака да влее страв кај граѓаните и насилно да дојде на власт.

– Почитувани социјалдемократи, насилството, улицата, пукањето и тупаниците не се дел од Македонија. Власт не се добива со насилство против граѓаните, власт се добива на избори од граѓаните. Да се биде на власт е многу сериозна и одговорна работа и затоа граѓаните очекуваат судир на концепти и идеи, реални проекти, чесно и посветено работење а со цел подобрување на нивниот живот.

– ВМРО-ДПМНЕ е одговорна политичка партија и најостро ги осудуваме ваквите случувања и апелираме до надлежните органи за расчистување на овие немили настани и да ги преземат сите законски мерки за казнување на сторителите кои жртвите во инцидентот многу добро ги знаат. За ВМРО-ДПМНЕ соживотот на граѓаните е пред се и над се. Ги повикуваме политички партии во Прилеп да се издигнат над своите партиски интереси и да не дозволиме да се внеси немир кај нашите сограѓани.

– Истовремено, ги повикувам и ги замолувам сите членови на ВМРО-ДПМНЕ но и сите граѓани на општина Прилеп да не потпаѓаат на ниските провокации и инциденти кои се дел од недемократското и насилно сценарио на Црвенковски и СДСМ.

– Прилепчани се разумен и мирен народ, знаат да се воздржат, да ценат и наградуваат но и да казнуваат и разрешуваат“, изјави на денешната прес конференција Никола Димески претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов