(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Ќе продолжат инвестициите во образованието

Од:

„Основен предуслов за севкупниот општествено – економски развој, развојот на демократијата и социјалната правда и политички развој во една држава е образованието.

Во изминативе години ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има конкретна стратегија за развојот на образованието со која се обезбедува континуитет во унапредувањето на инфраструктурните услови, условите за работа на воспитно – образовниот кадар, подобрување на квалитетот на образование.

Во Прилеп, во изминативе години од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во основните и средните училишта во општинава се вложени вкупно 10 милиони евра само во инфраструктура. Но, вложувањето во образованието е и мора да биде континуирано. Продолжуваме со реализација на нашите ветени проекти.

Веќе е околчен простор и деновиве со подобрувањето на временските услови се очекува да се интензивира изградбата на новото основно училиште во населбата Сточен пазар. Училиштето ќе биде на површина од 3690 м2. Со овој проект се излегува во пресрет и на родителите и на учениците до петто одделение кои засега пешачат и патуваат со автобус до училиштата, оддалечени повеќе од два километри во една насока.

Веќе во септември месец оваа година училиштето ќе биде целосно завршено и учениците новата учебна година од населбите Сточен пазар и Жабино маало ќе ја започнат во целосно нов и модерен објект.

Исто така во овој момент се работи интензивно на уредување на дворот од подрачното училиште ОУ Блаже Конески во населбата Варош.

Мора да споменеме дека дворот на ова училиште за прв пат се уредува од неговато постоење. Освен што ќе бидат поставени бехатон плочки, дел од дворот ќе биде асфалтиран и на тоа место ќе биде направено баскет игралиште, кое освен учениците, ќе можат да го користат и сите други спортисти и ентузијасти од оваа населба. Ова е прва фаза од целиот проект која чини 1,5 милиони денари. Втората фаза ќе биде инвестиција од уште 2 милиони денари за комплетно дозаградување на училиштето, средување на потпорниот ѕид и хортикултурно уредување на дворот.

Почитувани сограѓани, вложувањата во образованието се видливи, споредливи и мерливи. За ВМРО-ДПМНЕ образованието е еден од главните приоритети. И во наредниов период продолжуваме со дела, затоа што новите проекти се тие по кои се препознаваме“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ