„Денес, ден пред 11-ти Октомври, денот кога Прилеп, градот на непокорот, го слави почетокот на народно-ослободителната борба на македонскиот народ, оние кои зад себе оставија пустош и сиромаштија, раководството на СДСМ решиле да го посетат нашиот град. Истите кадри на СДСМ кои многу ветиле, а никогаш ништо не реализирале денес ќе се обидат на прилепчани уште еднаш да им ветуваат лаги. Денес во Прилеп е волкот во јагнешкa кожа, луѓето кои се обидуваат да се претстават во ново светло, но за кои ние прилепчани добро знаеме кои се и како го уништија нашиот град.
Г-дине Заев, Вашето место не е овде! Не е овде затоа што во главата на секој прилепчанец одекнуваат Вашите зборови дека сите ќе ги бркате од работа, од чистач до министер“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„Голема грешка правите што на овој светол ден за македонскиот народ сте дошле да го посетите Прилеп! Не заборавајте! Прилеп е град херој! Никако нема да Ви прости за Вашите зборови дека треба да си ја свиткаме кичмата и да го промениме името на државата!
Не можеме да го заборавиме тоа што СДСМ ни го стори! 35 илјади работници останати на улица, затворени фабрики и комплетно уништена економија. Заборавени и лажени земјоделци и тутунари! Прилепскиот гигант Тутунски комбинат го претворивте во најголем загубар!
Училишта оставени на забот на времето, 65% неасфалтирани улици, Прилеп без канализација и со месеци без капка вода за пиење.
Недомаќинско работење со јавните претпријатија во градот и оставен долг од 7 милиони евра.
Но, добро е што тоа време помина! Денес за Прилеп се грижат одговорни луѓе! Градот има потполно нов лик со кој сите се гордееме! Разликата помеѓу нас е голема и видлива. Додека СДСМ затвораше фабрики и испушташе од работа по илјадници прилепчани, Влада на ВМРО-ДПМНЕ создава услови за вработување по илјадници
прилепчани. Економијата се зацврстува! Мали и средни претпријатија отвараат свои фабрики во индустриските зони! Во новата американската фабрика Гентерм веќе 345 луѓе се вработени и земаат плата, а бројката на вработувања ќе достигне околу 2000 прилепчани. После макотрпна и посветена работа на Владата на Р. Македонија најден е стратешки партнер за Тутунскиот комбинат. Сите училишта се комплетно реконструирани! Во Прилеп имаме нови спортски сали, фудбалски и тениски терени, спортски игралишта! Се грижиме за земјоделците за кои Вие не знаевте дека постојат! Во изминатите години Владата има доделено околу 37,5 милиони евра субвенции само за прилепско. Селата во Прилеп имаат комплетно нов лик…се асфалтираат улици, се инвестира во осветлување, дворовите се полнат со модерна механизација благодарение на програмата 50/50 и што е најважно имаме задоволни земјоделци!
Господине Заев, Ве повикуваме денес во Прилеп да држите пресконференција пред барем еден проект што СДСМ го има реализирано за доброто на Прилеп. Затоа што прилепчани не се сеќаваат на ниту еден ваш проект и затоа 9 пати по ред ви ја испраќаат истата порака „НЕ на СДСМ“. НЕ за Зоран Заев, аболицираниот политичар за 8 милиони евра. Лажните ветувања и манипулациите повеќе не поминуваат, треба макотрпна работа и соочување со проблемите на граѓаните, а не сликање пред избори. Има уште многу проекти кои е потребно да се реализираат, но штетата која ја оставивте има ограмни последици до ден денес и сеуште се санира.
Дозволете да ви го честитаме утрешниот празник 11-ти Октомври – Денот на народното востание. ВМРО-ДПМНЕ заедно со вас го започна модерното востание во Прилеп и денес живееме во модерен Прилеп со кој сите се гордееме. Продолжуваме и понатаму со напорна работа за подобар Прилеп! Нашите заеднички дела и проекти се реалност во сите области на општественото живеење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.