(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за „27 април“ покажува дека во Македонија правосудство и суд не постојат

Од:

Денешната одлука на судот за 27 април е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја руши демократијата во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на пресудата за организаторите на 27 април.

„Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие кој што според вештачењето се докажа дека воопшто и не бил присутен на местото за кое што сведочи. Целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски – Нинџа, човек со дебело криминално досие, што го потврди и судот. Судот верува во човек со криминална историја. А, во случајот „Рекет“ за исказите на Бојан Јовановски кои што ја компромитираат обвинителката Русковска, Љубомир Јовевски кажа дека судот не ги зема во предвид исказите на лица чиј наводно кредибилитет бил сомнителен. Ваквиот нарачан исказ врз основа на кој се темели пресудата само покажува дека еден ист центар на моќ ги диктира не само сведоштвата, туку и обвиненијата и пресудите. Оваа одлука на судот покажува дека во Македонија правосудство и суд не постојат, туку тоа е само обичен нотаријат во кој се верификуваат обвиненија базирани на нарачки“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?