(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар е единствена во светски рамки што сред мораториум има издадено дозволи за градење

Од:

Oпштина Центар од јануари до август 2018-та според информациите кои излегоа во јавност за време на мораториум издава 76 одобренија за градба што е повеќе отколку за истиот период минатата година кога биле издадени 66 одобренија за градба, изјави Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Наместо да се обидува да ги релативизира работите Богдановиќ да даде одговори како тоа општина Центар која со сигурност е единствена општина во европски но и во светски рамки што во сред мораториум има издадено дозволи за градење, или пак претходникот на Богдановиќ издал неконтролирано одобренија за градба. Дополнително и пред донесувањето првата одлуката за мораториум на 27.12.2017 година во јавноста се појавија докази дека се издавани дозволи токму на денот кога е донесен мораториумот, рече Робовалиев.

Тој праша колку дозволи се дадени пред донесувањето на мораториумот.

– Сведоци сме дека се гради во Центар на секој чекор. Оправдувањата што ги дава Богдановиќ да не беа смешни ќе беа трагични. СДСМ ја има власта во општина Центар речиси 5 години. Маркетиншкиот трик наречен мораториум речиси и да е бескорисен ако граѓаните секојдневно се сведоци на изградба на згради на секој чекор. Наместо Богдановиќ да се фали дека редовно дели плата, дека собирал ѓубре, поставувал заштитни столбчиња да се фати конечно за работа и да почне да ги исполнува ветувањата што им ги даде на жителите на Општина Центар, рече Робовалиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите