(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДС брка луѓе од работа само затоа што се политички неистомисленици

Од:

Перчо Божиновски од ОК Охрид на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција изјави дека СДСМ врши политички реваншизам во образовните институции и дека брка луѓе од работа само затоа што се политички неистомисленици.

– СДС без работа остави над 50-тина стручни и обучени наставници и стручни соработници со решение на неопределено работно време, во образовните институции во Охрид. Тоа се бремени жени, самохрани мајки, млади, луѓе со фамилии, на голем дел од нив тоа им е основен извор на приход, плата од која ја прехрануваат целата фамилија. Ова ли е еднаквоста и солидарноста? Ова ли е еднаквост за сите и непартизирано општество кое што се ветуваше? Ова е класичен политички реваншизам. Единствената задача на довчерашните партиски потрчковци и шарачи на институции од СДС, а сега незаконски поставени директори, е да ги шиканираат, малтретираат и заплашуваат оние што не мислат како нив. Целосното неоправдано отстранување од воспитно-образовниот процес е по принципот на субјективно партиско размислување и пресметка со политичките неистомисленици и опоненти иако за сите нив УО-и се изјаснале со позитивно мислење. Предизборните ветувања на градоначалникот Јован Стојаноски, дека кон вработените во администрацијата и јавните претпријатија нема да има никаков реваншизам, беа чист популизам. Молк и од таму, рече Божиновски.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Државниот просветен инспекторат и Синдикатот на просветни работници да ги заштитат наставниците, а директорите веднаш да ги повлечат овие реваншистички одлуки во однос на просветните работници и најавија дека на секој легален начин ќе се спротивстават на ваквите појави.

– Со преземањето на локалната власт, обесправените и оштетени просветни работници кoи се жртви на овој режим предводен од хунтата ќе бидат вратени на работа, рече Божиновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?