(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ нема да се јавува за збор во уставната комисија: Ставете го предлогот пред да си одите, кој дома, кој во затвор

Од:

Уставни измени под диктат и притисок се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме затоа што тоа е директно кршење на суверенитетот кој произлегува од народот кој вели не на ваквото насилство, порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

– После ова излагање нема да има наши дискутанти за да го скратиме рокот. Ставете го предлогот веднаш на гласање па да видите како пропаѓа предлогот по бугарски диктат. Овие уставни измени ги водите спротивно на законите и спротивно на македонскито народ кој го доведовте до ѕид. Овие измени се осудени на пропаст. Ова е последен чин пред да се спушти завесата прњд да си одите, кој дома кој во затвор – порача Мицевски.

Според ВМРО-ДПМНЕ оваа влада води инает со сите, презема штетни договори и после бара од другите да ги прифатат што е недозволиво.

– Уставните измени ќе дават правна рамка на негаторските политики во внатрешен правен сообраќај во македонските институтиции. Не така одамна истите ликови не убедуваа дека се затворени сите политички прашања со сите соседи. Зарем има некоја промена во реториката од страна на Бугарија во последните година дена? Нема, освен барања за контрола на говорот и мислата, односно медиумите, обиди за цензура на историјата и нашето постоење, барања за промени во учебниците. Наместо економија и инфраструктура во Софија испорачуваат Декларација за бугаризирање на Илинденското овстание.

Ние не зборуваме за заблуденост на Владата, тие се свесни и се решени предавничката агенда да ја тераат по секоја цена. Зарем мислите дека не им беа јасни предлозитее на ВМРО? Беа свесни но сепак ги одбивааа. Уставните измени на крајот од процесот на преговори ќе беа гаранција дека ќе имавме некаква сигурност дека нема да бидеме блокирани за историја, измислени теми и говор на омраза, туку ќе се водеше процесот исклучиво според Копенхашките критеируми. Овие критеируми ги изоделе и дургите кандидатки – рече Мицевски по што пратениците од власта гласно му се изнасмеаја.

ж- Сите овие фотелји на кои седите, ги платиле македонските граѓани и вашето присуство им го должите ним. Не е за смеа работата, премногу е сериозен моментот. Сменија три запирки во предлогот кој триумфално го одбивте лани, а во Софија славеа затоа што наспроти нив наидоа на поданици.
Сега гледам, слушам и не ми се верува: СДСМ најави декларација за Илиденското востание. Зошто сега ако го заштитивте идентитетот, зошто сега декларација. Единствен документ е да поднесете извинување на илиденците – додаде координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен