(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Народот ја препозна предавничката политика на СДС, како на централно така и на локално ниво

Од:

На 30 народот кажа не за погубните политики од СДС! Иако на еден дрзок начин, со манипулативно прашање под превезот на НАТО и ЕУ, сакаа да го прелажат, народот покажа мудрост, достоинство, одбивајќи да биде учесник во предавството за смена на уставното име, идентитетот, историјата и традицијата.

Имено, само во Прилеп, СДС на овој референдум изгуби над 3000 гласови, споредено со минатогодишните локални избори. Поточно, на овој референдум „за“ гласаа 20 451 граѓани, а на локалните 23 607, што значи овој пат СДС доби 3156 гласа помалку од локалните избори. Народот ја препозна предавничката политика на СДС, како на централно така и на локално ниво.

По погубниот договор со Бугарија, со кој се брише македонската историја, следуваше уште еден погубен договор со Грција, кој требаше да резултира со смена на име, идентитет, смена на учебници по историја, додавање фусноти на македонскиот јазик, негирање на сето историско минато, традиција и култура кои се нераскинлив дел од ова парче земја.

Матните тендери и огромните суми разделени по блиски функционери, секојдневните милионски задолжувања кои не дадоа позитивни резултати, големите лаги за 500 евра плата, 100 000 денари за докторите, се работите кои оваа Влада им ги понуди на граѓаните!

За само една година народот ја препозна политиката на евтин популузам, непотизам, вработување на најблиските роднини и пријатели по партиски клуч во Општина Прилеп, УЈП и други јавни институции. Прилеп, кој некогаш важеше за еден од најубавите и најчисти градови во Македонија, го изгуби препознатливиот сјај гушејќи се во смрдеа, без ниту една инвестиција и отворање нови работни места, со оштетени парковски површини и стопирани проекти. Потсетуваме, да не беа започнатите проекти, а некои и речиси целосно завршени од време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе немаше локалните функционери од СДС со што да се пофалат пред граѓаните на општина Прилеп. Народот секојдневно сведочи за неспособноста на оваа влада и токму поради тоа рапидно опаѓа поддршката за злото наречено СДС. Македонија ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат. Но за да се случи тоа мора оваа влада што поскоро да замине во историјата! Македонија ќе победи!

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата