Намалениот број на ученици во училиштата е директна последица од погрешните политики кои СДСМ ги водеше минатите 20 години. Својата прес конференција очигледно ја промашиле, изјави Драган Данев, пратеник во Собранието на РМ од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на СДСМ.
– СДСМ на оваа тема требаше да размислува кога беше на власт. Генерациите кои денес учат во училиштата се родени во време на владеењето на СДСМ, а нивните родители и генерациите на нивните родители биле директни жртви на погубните политки кои ги водеше СДСМ во минатото. Тие генеререции директно ја почуствуваа на својот грб криминалната приватизација и транзиција. Тогаш 200.000 семејства беа драстично осиромашени, а за демографијата тогаш никој воопшто ниту зборуваше ниту се грижеше. СДСМ се занимаваше со богатење на своите блиски луѓе, рече на прес-конференција Данев.
Според него, СДСМ на секоја политика или мерка која ја превзема Владата на ВМРО-ДПМНЕ во насока на подобрување на демографската состојба во Македонија се потсмевала, или ги опструирала како примерот со директна финансиска помош за повеќедетните семејства, која тие, рече, ја рушеа на Уставен суд.
– ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа продолжи да работи интензивно на подобрување на сеопштата економска состојба и тие резултати ќе се покажат на среден и на долг рок. Освен директна поддршка на семејствата, се превземаат и низа други мерки за обезбедување на подобра иднина на младите во државата. Се даваат бенефиции на сите работодавци за вработување на млади лица до 29 години, се обезбедуваат кредитни линии за започнување на лични бизниси специјално за млади лица со поволни каматни стапки со цел самовработување, под повластени услови се продаваат станови за млади брачни парови, се обебзбеди бесплатно школување во средното и основното образование, се обезбедија бесплатни учебници за децата и бесплатен превоз за ученици кои живеат подалеку од училиштата, се намали стапката за ддв од 18% на 5% за бебешките производи, училишниот прибор и уште голем број други мерки кои директно или индиректно влијаат на подобрување на демографијата во Македонија, рече Данев.