(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ на протести: Нема да дозволиме Заев да тргува со народните херои

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку протести низ неколку градови во државата ги повтори барањата и ставовите искажани на вчерашниот протест во Скопје кој беше инициран од интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес.

Од партијата бараат Заев да се извини за искажаните ставови и да поднесе оставка. ВМРО-ДПМНЕ протестот го најави како натпартиски и за одбрана на црвените линии на идентитетот. Протести денеска се одржаа во Тетово, Куманово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.

„Заев успеа во две работи: да направи многу предавства и успеа да ги обедини граѓаните на Македонија против Заеви. Затоа нашата порака е оставка за Заев, слобода за Македонија. Сметаме дека оваа парола ја поддржуваат многу граѓани без разлика политички каде припаѓаат, без разлика национално каде припаѓаат или кој им е мајчиниот јазик. Многу граѓани стануваат секој ден посвесни дека со Заев нивниот живот станува потежок. Животот во Македонија станува потежок, понижувањата за Македонија за жал стануваат поголеми и затоа сметаме дека Македонија може да го направи првиот чекор напред и во економска и во здравствена и во национална и во инвестициска смисла и во секоја друга, кога Заев ќе падне од власт“ – порача Антонијо Милошоски на протестот во Велес.

„Да не дозволиме никој од нас, а се разбира да не дозволи никој во оваа држава повторно Зоран Заев да тргува со нашиот идентитет, со нашиот јазик, со кумановци. Овде имало многу луѓе што се бореле за Македонија, овде лежат многу коски на многу херои на Костурница, но се разбира и многу борци што се родиле но и поколенија што останале во Куманово и што се гордеат со овој град. Не може некој со изјави макар бил тој премиер на држава да се потсмева. Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот , а се разбира било за слободна Македонија“ – изјави Владо Мисајловски на протестот во Куманово.

„Малку им беше продажбата на името со Грција, па сега тргуваат со најсветото. Особено за нас Прилепчани, а тоа се нашите борци од народноослободителната борба. Се тргува со илјадници знајни и незнајни херои кои својот живот го положиле за борбата против бугарскиот фашистички окупатор и придонесле за слободата на Македонија. Еве денеска прашувам оттука каква е таа администрација која брутално и крвнички погубила 18-мина во масакрот кај „Дабница“. Од кого биле убиени народните херои Орде Чопела, Кире Гаврилоски, Борка Талески, Мирче Ацев, Кузман Јосифоски Питу и другите 650 жртви колку што дал Прилеп во НОБ“ – рече на протестот во Прилеп, Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ закажа нов протест за утре во Скопје. Во објава на Фејсбук, лидерот на партијата Христијан Мицкоски ја објави рутата на протестот.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски

Протест во Нови Сад: Демонстрантите фрлаа црвена боја кон Градското собрание, неколку инциденти пред просториите на СНС

Горан Наумовски