(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: На аеродромци им стана јасно дека беа излажани од Марин и СДСМ

Од:

Точно една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин. Разочарувањето на жителите од Аеродром е огромно, рече Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Памфлетот делен пред локалните избори единствено остана да сведочи за се што беше ветено, а по само една година власт на сите повеќе од јасно им е дека и ќе остане само на ветување. Да се потсетиме што ветуваше Марин:
– Чиста вода и чист воздух – во изминатата година загадувањето на воздухот во Аеродром бележи рекорди, а градоначалникот нема намера да преземе ниту една мерка за подобрување на оваа ситуација.
– Повеќе пари за граѓаните – не само што нема повеќе пари за граѓаните, напротив, има појава на масовно осиромашување на граѓаните преку покачување на цените на скоро сите производи неопходни за задоволување на секојдневните потреби.
– Отворена и услужна општина за сите – ниту еден отворен ден на општината.
– Запирање на градежниот хаос и мораториум за нови градби – сите сме сведоци што се случува во Аеродром со изградбата на нови згради, мораториумот и запирање на градежниот хаос не е ниту на повидок, а Марин воден од тесно партиски и бизнис интереси за само една година овозможи изградба на повеќе од 1100 нови станови во Аеродром
– Гасификација – една од најавените мерки за борба против загадувањето, која за жал поради неспособноста на кадрите на СДСМ нема да дочекаме да се реализира
– Паркинг решение за цел Аеродром и преземање на ингеренциите за паркинзите од Град Скопје – ветување кое Златко Марин не е способен да го реализира, а револтот на граѓаните е се поголем
– Подигање на нивото на комуналниот ред и хигиена – ако пред една година Аеродром беше синоним за општина со перфектна хигиена, за жал денес тоа повеќе не е така. Граѓаните се сведоци на преполни контејнери, ѓубре по улиците и нови депонии. Хигиената станува сериозен проблем во Аеродром.
– Проширување на индустриската зона на потегот Долно-Горно Лисиче – уште една лага на Марин и СДСМ, за уште едно разочарување на жителите на Аеродром.
– Изградба на две нови градинки во Мичурин и Тодор Чангов – ветено, неостварено, а за жал не е ниту на повидок било каква реализација на овој проект.
– Ново средно училиште – гимназија – Аеродром нема да ја види ниту реализацијата и на овој проект, помпезно најавуван од Марин во предизборната кампања.
– Нов дом за стари лица – СДСМ покажа и докажа дека грижата за повозрасните граѓаните не е дел од нивните планови. Повторно како и многупати досега пензионерите се излажани.
– Нова општинска зграда – нереализирано.
– Мултинаменски културен центар – нереализирано.
– Замена на сите азбесни цевки за водоснабдување – нереализирано.
– Нови коридори на булеварите „Февруарски поход“ и „АСНОМ“, два нови моста и нова сообраќајница за поврзување на Аеродром со Кисела Вода – нереализирано.
– Нова амбуланта во населба Лисиче – огромна лага на СДСМ со која предизборно ги бараше гласовите на аеродромци, уште поголемо разочарување од нереализираното ветување. Не е ниту на повидок.
– Затворен зелен пазар – единствено може да се види во памфлетот на СДСМ. Златко Марин можеби и не знае дека има ветено ваков проект.
И уште многу други ветувања, неостварени од страна на Златко Марин,“ рече Митески.

Според него, на аеродромци за само една година им станало кристално јасно дека буквално биле излажани од Златко Марин и СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?