ВМРО-ДПМНЕ го повика минстерот за здравство Венко Филипче да облече бел мантил, а градоначалникот на Скопје Петре Шилегов да не троши пари за новогодишно украсување на градот.
„Ако Венко си го заборавил белиот мантил, поради неговите прес конференции, денес ние му подаруваме еден. Не случајно мантилот е за еднократна употреба. Исти вакви мантили здравствените работници ги носат во текот на целиот ден или по неколку дена, дури и мораат да ги хефтаат, лепат кога ќе се скинат, затоа што немаат други. Колку време може да работи министерот со мантил за еднократна употреба, а тоа да не се само прес конференции“ – рече на прес конференција пратеничката Марија Андоновска.
„Можеби го немаме најработливиот градоначалник, но со сигурност ги имаме најскапите лампиони. Затоа уште еднаш, по кој знае кој пат апелираме, повикуваме, средствата за новогодишно украсување да се пренаменат на заштита на животите и здравјето на скопјани. Во време кога граѓани заболуваат и за жал умираат од вирусот, многу поважно од новогодишни сијалички и лампиони е парите да се насочат кон купување на здравствени материјали и опрема, финансиска помош за јакнење на капацитетите на здравствените установи“ – му порача на градоначалникот Петре Шилегов, советничката во Град Скпје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ.