(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Нема ништо од ветувањето за живот во Македонија

Од:

Срѓан Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека нема ништо од ветувањето на СДСМ за живот во Македонија.

– Се почнаа да реализираат само програмата што ја ветуваа им заостанува. Се што прават во моментот, прават надвор од ветеното и надвор од програмата. Гаражата на Владата ја исчистија, но затоа сметот по Куманово и Струмица колку и да се правдаат, не можат да го исчистат. Не е проблемот во тоа со колку капацитет на опрема располагаат, како што е проблемот на менаџирањето и управувањето генерално со Претпријатијата. Како и партискиот интерес, рече Ивановски.

Тој кажа дека директорот на кумановското претпријатие Чистота и зеленило се правдал за работата на претпријатието и користел некои ливчиња како отчет и план, но сепак резултатите на теренот говореле за спротивното.

– Во никој случај не смее да дозволи да ги критикува граѓаните за ѓубрето низ градот. Дрско и безобразно е таквото однесување. Како директор треба да изнаоѓа начини за справување со тоа што му е основната дејност. Нема простор за политика и политиканство кога е во прашање хигиената и услугите кон граѓаните, рече Ивановски.

Тој запраша зошто токму во еден месец се распишани толкави набавки и која е нивната оправданост?

– Месецов, Директорот на Чистота и Зеленило Куманово распишал јавни повици во вредност од 2.470.121 денари за набавка на гуми за возилата во Претпријатието. Не интересира која е оправданоста во овој момент да се набавуваат тие ресурси кога претпријатието не котира добро финансиски и општината е во долгови и под хипотека, рече Ивановски.

Тој запраша дали ова е начин за испумпување на пари од граѓаните кои би требало да се користат за локалните избори и за финансирање на кампњата на СДСМ? Како што кажа Ивановски, очигледно е дека со толкава сума јавни набавки за гуми во претпријатието требало да имаат и формули како дел од возниот парк.

– Граѓаните бараат одговори, истовремено следат и ќе судат на следните избори, рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ