(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори на 24 април

Од:

Во 14:30 часот, во Порта Македонија, почна средбата на политичките партии од кoалицијата “За подобра Македонија”.

Пред средбата неофицијално се тврди дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука да се оди на избори на 24 април. Неофицијално како што дознава А1он, партијата има одлука да се оди на избори на 24 април, а денеска ќе се одлучува за техничката влада на РМ и ќе му се даде мандат на ново избраниот премиер Емил Димитриев.

Ваквата информација објавена од порталот Курир, чиј текст го има споделено пратеникот Илија Димовски на својот Фејсбук профил со порака “Одиме“!!!

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое се вели дека партијата во целост ја прифаќа методологијата на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.12516211_10208457040213196_1995225055_n

-ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги превземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера, пишува во соопштението.

Рокот за оставката на премиерот од сто дена пред избори веќе е поминат, а СДСМ најави дека доколку не се исчисти избирачкиот список нема да оди на избори, зашто тоа ќе биде уште една сигурна изборна кражба.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ