(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Како Шилегов купил накит и луксузни часовници вредни 130 илјади евра?

Од:

„Петре Шилегов очигледно решил да молчи за неговите скандали, го нема да даде одговори за закупнината од 700 евра за имот кои не постои, го нема да каже дали и колку закупнина добива од четирите фирми пријавени во неговиот стан, го нема да каже дали преку вакви сомнителни приходи го стекнал неговиот имот од околу 1 милион евра.

Јасно е дека Шилегов молчи бидејќи само ако се погледне во неговиот анкетен лист веднаш се отвараат нови сомнежи за потекло неговиот имот“, рече Александар Стојкоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Еве на пример погледнете ја ставката накит и часовници кој ги пријавил господинот Шилегов. Тој во својот анкетен лист навел дека преку купо-продажен договор стекнал накит и луксузни часовници во вредност од замислете, од 8 милиони денари, односно 130 илјади евра!

Ако на тоа се придодаде дека до скоро тој и неговата сопруга пријавуваа плата од вкупно 33 илјади денари, се претпоставува кој човек со толкави примања во Македонија купил злато, накит и часовници во вредност  од 130 илјади евра.

Од каде ви се овие пари господине Шилегов кога сте пријавувале минимални приходи? Дали фирмите кираџии Ви плаќаат со часовници, обетки, синџирчиња, прстени или пак имате пари кои Ви се стекнати на чуден начин и не сте ги пријавиле до сега?

Петре Шилегов наместо да се крие зад измислени скандали за други, лицемерие и душегрижништво за средната класа, нека одговори кој просечен човек дома има злато, накит и часовници колку една златара.

Ако молчи господинот Шилегов мисли дека скандалите за него ќе престанат? Се лаже.

Ние и понатаму ќе излегуваме со скандали и сомнежи за неговиот имот и приходи.

Господине Шилегов разоткриени сте во целост“, изјави Александар Стојкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски