(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Каевски не може да се испере од одговорност

Од:

„Дарко Каевски не може да се испере од одговорност со самото тоа што суспендира раководители на сектори и ги обвинува за неговите грешки.

Дарко Каевски стои како уредник на збирката за млади поети и со тоа ја има директната одговорност за настанатиот скандал кој е полн со шовинизам и говор на омраза“, изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според Член 50 став (1) од законот за организација на органите на државната управа, Директорот кој раководи со орган на државната управа, директно одговара за сопствената работа и работата на органот со кој раководи пред Владата на Република Македонија.

Граѓаните бараат одговорност!

Младите се засегнати за скандалите кои се случуваат во Агенцијата за млади и спорт.

Каевски е директор на институцијата која ги пушти овие таканаречени творби во промет, а истите се делеа во дневните весници за времетраење на викендот.

Дарко Каевски мора да си поднесе оставка, и да биде за пример за секој еден носител на јавна функција кој со народните пари ќе финансира шовинизам, сексизам и говор на омраза.

Одговорност мора да има. Дарко Каевски за само 10 месеци ја уништи Агенцијата за млади и спорт.

Младите заслужуваат и повеќе и подобро!“, рече Сергеј Попов.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски