(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Прилеп сам се демантираше за задолженоста на општината

Од:

Петар Ристески, координатор на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општина Прилеп денеска на прес-конференција рече дека гласале за доизведба и завршување на проектот за отворање на градинката во склоп на училиштето „Рампо Левката“.

– Да се насочам на донесувањето на завршната сметка бидејќи во неколку наврати градоначалникот Илија Јованоски драматизираше дека сметката на општината е во катастрофално лоша состојба. Денес се демантираше сам со извештајот односно завршната сметка која ни ја достави, односно службите од локалната самоуправа ни ја доставија да ја изгласаме. Според книговодствената евиденција, вкупните неизмирени обврски на локалната самоуправа на крајот од 2017 година, заклучно со 31.12 изнесуваат 34.827.518 денари. Вкупните обврски доспеани, изнесуваат, 29.387.000 денари, додека вкупните недоспеани обврски изнесуваат 5.439.000 денари. Состојбата на паричните средства на ден 31.12.2017 година изнесуваат 8.411.000 денари. Од ова се гледа и потврдува извештајот на Министерството за финансии дека Општина Прилеп не само што не е многу задолжена туку и не се наоѓа на оној список на општини објавен од ова министерство. Прикажувањето лажно на лоша економска, финансиска состојба на општината е со една цел, градоначалникот да добие алиби за да не ги реализира ветените проекти, рече Ристески.

– Денес добив одговор на советничко прашање до каде е проектот со изградба на кружен тек кај мостот „Табана” и доизградба на улицата „11 октомври”. Овој проект беше оценет за одличен од Светската банка и беше одобрен кредит за негова реализација, и лично од него денес на седница на совет беше потврдено дека е оценет како добар ни кажа дека нема да го спроведе, бидејќи се консултирал со стручњаци од фелата и кажа дека не бил оправдан, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски