А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Го повикуваме СДСМ и нивната министерка Царовска да кажат во што се состои злоупотребата

by А1он30/04/2019 - 22:01258
Share0

Денеска во обид да ја дефокусира јавноста од бегството на Пендаровски од дебатата на Алфа ТВ, дебаклот од средбата во Берлин и катастрофално влошениот имиџ на власта, “министерството за вистина” на СДСМ со злоупотреба на државни институции објави лажни обвинувања против кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

Добивај вести на вибер

Во обвинувањето на Министерството за труд и социјална политика се реагира на хуманитарниот настан кој го организиравме, но не се кажува која е наводната направена злоупотреба. Имено кандидатката Гордана Сиљановска Давкова подготвуваше оброци кои беа донирани во СОС Детско село.

Во ниту еден дел од настанот директно не беа вклучени деца.

За разлика од кампањата на Сиљановска Давкова, СДСМ на Конвенцијата на Пендаровски на сцената искористи деца спротивно на Изборниот законик и Конвенцијата за правата на детето. Истите деца со кои предходно министерката Царовска и Премиерот во политички настан ги искористија. Потоа Г-ѓа
Пендаровска учествуваше на настан кој како и нашиот имаше директни корисници деца, но за разлика од нашата кампања продуктите за настанот #солидарноопштество вклучуваа деца со што повторно директно се прекрши Изборниот законик и Конвенцијата за правата на детето.

За разлика од СДСМ и Пендаровски, тимот на професорката Сиљановска Давкова не објави ниту една фотографија од дете или мајка кои беа крајни корисници на настанот нити ги вклучи во ниту еден момент директно во кампањата. Тие едноставно останаа корисници на упатената помош.

Го повикуваме СДСМ и нивната министерка Царовска да кажат во што се состои злоупотребата.

Дали тоа што беше донирана храна на деца без родители, дали тоа што настанот се случи откако фондацијата дозволи храната да биде донирана или тоа што како и во многу други случаи на децата им беше искажана љубов и хуманост без воопшто да бидат објавени нивните идентитети?

Ги покануваме надлежните институции кои се контролирани од партијата на власт веднаш да ги испитаат сите случаи на злоупотреба на деца во политички цели, вклучително и Конвенцијата на како што го нарекуваат консензуалниот кандидат. Во спротива, реакцијата на Министерката за труд и социјална полтика ќе ја сметаме за мешање на државата и партијата.

Во прилог се настани каде што се злоупотребени деца и лица со посебни потреби од страна на политичари од власта за кои досега не реагирало МТСП

Многу е важно да зборуваме за инклузивно образование, социјална заштита и здравство, но исто така и за спортот. Да ги поттикнеме младите лица со попреченост да бидат вклучени во спортските активности и да го поминуваат своето време продуктивно и креативно. pic.twitter.com/uKanRSDljl

— Mila Carovska (@mila_carovska) April 6, 2019

Вечерва ве чекам на мојата изборна конвенција, каде ќе ја претставам претседателската програма. Ќе донираме за танчарите со Даунов синдром од групата Dancers United кои се подготвуваат за светско првенство. Кутии за донации ќе има на сите влезови на СРЦ „Борис Трајковски“. pic.twitter.com/pTKrRrsCdw

— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) April 3, 2019

Полна сала, полно срце! Дојде време да си го вратиме она што ни го одземаа пред пет години. Дојде време да зачекориме напред! Ви благодарам на сите вас кои верувате во мене, ветувам дека ќе ја оправдам довербата. #ЗаедноНапред pic.twitter.com/xoP5nTtK9v

— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) April 3, 2019

Заедно создаваме механизми за заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство.@Sekerinska pic.twitter.com/5A1x0wYbf3

— Mila Carovska (@mila_carovska) February 12, 2019

izborisdsmvmro

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто