(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Една година локална власт на СДСМ во Прилеп – една година лаги, непотизам и неработење

Од:

„Пред некој ден градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, одржа прес конференција на која презентираше што сработила досега локалната власт во Прилеп. Градоначалник, наместо да го замајувате народот со презентација на целосно реализирани, а дел започнати проекти во време на ВМРО-ДПМНЕ, симнете се меѓу граѓаните и прашајте ги дали се задоволни од досегашното ваше влаеење? Одговорите со сигурност нема да ви се допаднат! Вие во иднина може и да си правите ако сакате и нарачани анкети со ПР-от во Општина, но тоа нема да ја смени реалната слика. Граѓаните, истите оние пред кои ветивте брда и долини, затворен базен, реконструкција на Вештачкото езеро, спортски комплекси, реставрација на прилепската чаршија, посилна економија, подобри услови за младите, се револтирани од лажните ветувања, кои се соголуваат со секој изминат ден“, рече Петар Ристески – Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Зборувате дека училиштето во населба „Сточен пазар” бил штетен проект? Прашајте ги тамошните жители за потребата од ова училиште, кои беа консултирани и токму тие го избраа тој простор, каде изградивме училиште. Се правдате дека немало довод на струја, немало вода, немало одвод, а на 20-30 метри била и градската река? Толку ли е тешко да се среди сето ова? Изгледа докомплетирање на овие работи е голем залак за Вас и за тимот околу вас.

Колку за потсетување ООУ Кочо Рацин е уште поблиску до градска река, па сега размислете вие за тежината на вашите аргументи. Во прес конференцијата споменувате дека сте ја пуштиле во употреба градинката во „Рампо Левката”? Тоа е точно, вие само ја пуштивте, но некој друг ја изгради и инвестира во истата. Споменувате и дека сте изградиле Дневен центар за детска парализа? Веројатно не ви е јасна разликата помеѓу градење и адаптација на веќе постоечки објект, во каков што е сместен и овој центар? И наместо да се фалите дека сте изградиле нови игралишта, вие се фалите дека сте ги уредиле веќе постоечките изградени во наше време. Каков апсурд! Ако некогаш важеше за успех да се пуштат во употреба нови спортски сали, нови фудбалски игралишта, денес е успех истите да се одржуваат.

Градоначалник, она што прилепчани го видоа од досегашното владеење на СДС во Прилеп, е непотизам, вработување во јавните претпријатија на најблиските роднини и пријатели на високи функционери од вашите редови, затрупување на фонтани со песок, запустување на игралишта, паркови, смрдеа на секој чекор, откажување на готови проекти со целосна документација, како кружниот тек кај мостот во Табана, никнување преку ноќ на противзаконски изградени летни бавчи низ старата чаршија. Она што досега го видоа прилепчани е убивање на духот на градот, и уназадување на неговата естетика!

Мизерниот процент на реализирани капитални инвестиции кој си го изгласавте пред некое време на седница на совет, е најдобар показател за сработеното! Се жалите дека сте наследиле долг од 3.5 милиони евра, а во завршната сметка како обврски накрај од 2017, беа запишани 30 милиони денари што се 500.000 евра. Јавните претпријатија си беа стабилни и без вас и вашето владеење, а за тој факт говори тоа што во завршните сметки за 2017, стои дека годината ја завршиле со добивка. Засукајте ги ракавите, ви остануваат уште 3 години од мандатот, и почнете со остварување на ветеното!

Затоа што Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа. Прилеп и прилепчани заслужуваат и гасификација, која ќе мора наредната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ја реализира.

Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, Прилеп повторно ќе го добие стариот препознатлив сјај, затоа што Прилеп, заслужува да биде еден од најубавите градови за живеење во Македонија!“, изјави Петар Ристески – Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било