(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Димитров или да ги врати парите или да си даде оставка

Од:

Добро е што владата денес ја призна грешката и се извини затоа што го згрешија знамето на Австрија со знамето на Латвија, но подобро ќе беше да згрешат и стипендијата од 40.000 долари наместо на ќерката на Димитров да ја доделат на некој друг студент кој не може да си дозволи студирање на престижен универзитет во Холандија, рече Данијел Апостолски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Министерот за надворешни работи или да ги врати парите на граѓаните или да си даде оставка. Недозволиво е во итна процедура, на ден или два пред локални избори, надлежната комисија во Министерството за образование да одлучува да и додели 40 000 долари на ќерката на Димитров. Што е итноста и зошто таа би била привилегирана во однос на било кој друг студент? Додека студенти спијат по дворови на студентски домови, додека учениците немаат книги, иако учебната година е почната, ќерката на Никола Димитров добива стипендија од 40.000 долари за студирање на престижен универзитет во Холандија во непосредна близина на нејзиното семејно живеалиште, рече Апостолски.

Според него, животот кој СДСМ го ветуваше дошол, но само за функционерите во власта и нивните семејства.

– Непотизмот стана заштитен знак на оваа расипничка власт, која не штеди кога се работи за лична корист на семејствата на функционерите. Додека продаваат европски вредности и декларативно се залагаат за ЕУ, во реалноста тоа го прават сосема спротивно. Непотизмот не е и никогаш не бил европска вредност. Непотизмот кој го практикува оваа власт е одлика на еден систем од минатото чиј идеолошки наследник е СДСМ. Доколку Димитров навистина се залага за европски вредности и практики, треба да поднесе оставка и да преземе одговорност. СДСМ и Димитров мора да поднесат одговорност. СДСМ и Димитров мора да си заминат, рече Апостолски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?