(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Да се укине матурата за оваа година и да се донесат сет мерки за учениците

Од:

„Ова не е време за натпревар, суета, партиски или друг вид поделби. Ова е време на војна во која што секој човечки ресурс е потребен на располагање на државата и на СИТЕ.

Електронското учење, односно користењето на мултимедија и интернет за образование на далечина не е новина, но оваа власт повеќе зборува и пишува препораки отколку што спроведува.

МОН ги задолжи наставниците без реално да се согледаат можностите. Не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во владата не седнал и не размислил за начин и методологија како да ја заокружи учебната година“, вели Христина Серафимовска – ВМРО-ДПМНЕ.

„Мерките кои што денес ќе ги предложиме не се апсолутна новина. Дел од нив веќе се применуваат во современиот свет, а дел се адаптирани на наши услови.

Предлагаме:

1. Одлука со која полагањето на државна матура во сите средни училишта во Република Македонија за оваа учебна година ќе биде укинато. Полагање на матура може да биде организирано само за оние ученици кои имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември;

2. Школската година да заврши на 10-ти јуни;

3. Учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба.

4. Укинување на законските ограничувања за просечен успех кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта“, изјави Христина Серафимовска – ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му