„Поминаа 20 дена од објавувањето на скандалозната снимка на која се гледа како пратеникот од СДС, Курто Дудуш, ветува амнестија за сторен криминал за граѓаните кои поседуваат членска книшка од СДС, а се уште нема реакција и осуда од партијата на власт.
Заев во предизборите со полна уста зборуваше за еднаквост помеѓу граѓаните, сега гледаме дека под режимот на Заев некои ќе бидат подеднакви од другите.
Скандал од невидени размери и срам за целиот демократски свет е пратеник од владејачка партија да ветува неказнивост при сторен прекршок или криминал, привилегии на лекар и добивање на социјална помош за граѓаните кои поседуваат членска книшка на политичка партија.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите општествени чинители и меѓународните претставници во Република Македонија да го осудат овој чин на партизација на државата. Македонија е демократска држава, каде владеењето на правото е основен постулат врз кој се засноваат односите помеѓу граѓаните и државата и никако поинаку не смее да биде.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Република Македонија од демократска држава да се претвори во приватна сопственост на СДС. Граѓаните заслужуваат еднакви можности за живот и успех. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДС да ја претвори државата во Северна Кореја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
