(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Битола: Наташа Петровска не може со ништо друго да се пофали освен со неработење и незнаење

Од:

„Денес од Наташа Петровска видовме само една класична узурпација на говорницата во салата на Советот, а не искрена и отворена дискусија за ребаланс на буџетот, кој беше предмет на расправата.

Слушнавме како градоначалничката најави дека во текот на утрешниот ден планира Отчет, па еве во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија “, сакам да и порачам дека насловот на тој Отчет, треба да биде „Една година Наташа Петровска, ниту еден метар асфалт со општински пари во Општина Битола“, а за насловна фотографија на тој Отчет мислам дека треба да бидат овие автобуси кои се наоѓаат позади нас. Затоа што тоа е реалната слика на едногодишното владеење на Наташа Петровска во Битола“, рече Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

„Затоа што позади нас имаме една година со нула проценти реализација со гасификација, стадионот нула проценти реализација, прочистителна станица нула проценти реализација.

Едноставно Наташа Петровска не може со ништо друго да се пофали освен со неработење и незнаење“, изјави Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!