ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ без конкретен одговор дали ќе прифати новинарите да присуствуваат на преговорите за медиумите

Од:

Илија Димовски, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите во Клубот на пратеници, без конкретен одговор дали неговата партија ќе го прифати предлогот на СДСМ, новинарите, невладините и новинарските здруженија да бидат дел од преговорите и го обвини СДСМ дека води дволична политика.

– Надвор велат дека ќе ги вклучат во преговорите, а внатре зборуваат друго, рече Димовски.

Тој рече дека ќе постапат така како што ќе се договорат политичките партии во Клубот на пратеници.

Димовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е категорично против предлозите на СДСМ зашто не сака да прифати цензура во медиумите без разлика од која партија доаѓа предлогот.

– Апсолутно не прифаќаме ниту еден предлог од која било партија, за жал добивме еден таков предлог за државата да има можност за регулација и цензура, за пристрасноста и објективноста за медиумите, тоа е минимална работа која што демократските држави ги разликува од државите каде што има диктатура. Мене ми е многу жал што еве цела една хајка и битка на СДСМ од 6-7 години, во кои зборуваа за слобода и демократија, се изложија со еден ваков срам и се изложија на еден ваков срам со нивниот пристап и нивните барања за партизација на Агенција и МРТВ и за воведување можност агенцијата да казнува со огромни казни, со забрана за вршење професија новинар,со забрана на дејност на правните лица и тоа врз база на оценка на квалитативни вредности во новинарството. Тоа за нас е неприфатливо и не сакаме да разговараме во тој правец, рече Димовски.

Според него, она што го предлага СДСМ е враќање 40 години наназад. ВМРО-ДПМНЕ е за саморегулација во медиумите, преку стандарди предложени од новинарската фела, либерализација на пазарот и воведување на високи стандарди од ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ дала предлог да се прифати кој било закон од 20 земји-членки на ЕУ и целосно да се преземе во македонското законодавство, а за советите на Агенцијата за медиуми и на МРТВ, партијата имала предлог да се прошири составот на овие тела. Меѓу другото да влезат и претставници на верските заедници.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ