ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за легализирање непостоечки објект за канабис од лица блиски на Заев

Од:

„Постојат сериозни сомнежи дека функционери на СДСМ, екс пратеници, градоначалник, советници, општински моќници, на чело со Зоран Заев се дел од злосторничко здружување кое на штета на буџетот на државата и спротивно на закон го зголемуваат својот имот и вртат милиони,“ обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Драган Ѓоргиев, поранешен пратеник од времето на Зоран Заев и Атанас Јанушев негов ортак, кои преку фирмата „КАНАБИС ПРО“ се помеѓу првите 10 фирми кои добиле лиценца за марихуана од Зоран Заев, изградиле фабрика, објект за кои што постојат основани сомнежи дека е изграден спротивно на закон, а при што е оштетен и буџетот на Република Македонија.

Ѓоргиев и Јанушев легализираат објект кој во моментот кога го пријавиле како изграден и не бил воопшто не постоел. Тие двајца во февруари 2018 година преку геодетско друштво од Битола почнуваат со изработка на геодетски елаборат за објект кој што во тоа време не постои, а за кој имале архивски број од општината во Босилово каде што побарале легализација уште во 2016 година. На 16 април 2018 година, неполни два месеци по купување на празната нив, двајцата членови на мафијата блиски до Заев, Драган Ѓоргиев и Атанас Јанушев регистрираат фирма за бизнис со марихуана „КАНАБИС ПРО“. Следува за еден месец по отварањето на фирмата геодетскиот елаборат да е завршен значи на 15 мај елаборатот е завршен, на 31 мај решението за легализација минува на општински совет, на 1 јуни градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков потпишува, а нарко бизнисот на мафијата добива легален објект.

Јавното обвинителство мора да отвори случај против геодетското друштво кое го изготвило елаборатот за објектот кој што во тоа време не постоел. Но и за Ѓоргиев и Јанушев како сопственици на овој објект. Дополнително истрагата мора да се прошири и кон градоначалникот и одговорните лица во општина Босилово, како и кон советниците и урбанистичкиот сектор, за кои постои сомнеж дека воделедвојно книговодство и во 2016 година во архивската книга на општината оставале празни бројчиња и празни места.

Ѓоргиев и Јанушев го изиграле и законот за земјоделско земјиште и законот за легализација на дивоградби. Оштетен е буџетот на Македонија и општината Босилово.

Ова почитувани е злосторничко здружување. Кое на крај е наградено со лиценца за производство на марихуана.

Бараме Јавното обвинителство наместо да се занимава со политички притисок врз опозицијата да почне да работи согласно закон и да ја расветли оваа шема на злосторничко здружување.

Криминалот, мафијата и владата се едно исто во Македонија и мора да паднат.

Или мафијата или Македонија,“ рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми