ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара да се отвори истрага за Катица Јанева

Од:

На власта и требаше и на Рената Дескоска и на сите останати повеќе од шест месеци да сфатат дека Катица Јанева работела лошо и нема капацитет да биде на чело на СЈО, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање дали со вчерашната изјава на министерката за правда Рената Дескоска дека нема да инсистираат за избор на специјален јавен обвинител се отвора можност да се постигне договор за законот за јавно обвинителство.

„Истата власт загуби драгоцено време за закон каде што над 60% од членовите веќе ги имаме направено и ги имаме дадено.Тоа се загубени 6 месеци каде што истиот закон, истите реформи можеа да се реализираат и имплементираат. Дескоска призна дека Катица Јанева практично нема капацитет да ја води таа институција и тоа што Катица Јанева нема да биде односно не инсистираат да биде на чело на СЈО не е доволно. Мора да се отворат сериозни истраги и сериозни обвиненија за сите нејзини сомнежи, сите сомненија за работењето на обвинителите во СЈО, за работењето на Катица Јанева и за работењето на целата институција како СЈО како и за сите потрошени пари изминативе години.“, смета Арсовски.

„Очекуваме власта да ги сфати посериозно не само овие сите останати забелешки, да престане да губи време и да ги прифати сугестиите коишто се согласно европските закони и европските принципи согласно одредбите за човековите права на Советот на Европа. За жал досега само ги прифаќаа законот и принципите декларативно пред граѓаните, пред јавноста, пред меѓународната заедница, а не е испочитуван ниту еден од нив.“, додаде тој.

„Сега во моментот ВМРО-ДПМНЕ изработува наша сопствена верзија на законот за јавното обвинителство според оние принципи коишто веќе ги имавме дадено до нив врз основа на меѓународните документи и стандарди што ќе значи квалитет и што ќе значи еднаква правда за сите, а не селективна правда како што е сега. Тие стандарди не значат амнестија за никого, единствено во моментов се бара амнестија за Катица Јанева за нејзиното лошо работење и за нејзиното постапување без овластувањата кои што во моментов ги нема. И во делот на бомбите како што спомна министерката Рената Тренеска Дескоска вели може да се договориме, ние да ја потсетиме дека препораките на Советот на Европа се задолжителни за Република Македонија и ако добро побара одговорот е токму во тие препораки во делот за незаконски стекнатите докази”, објасни Арсовски.

На прашањето, кој бара амнестија за Катица Јанева, Арсовски одговори: „Со самото тоа што се обидуваат да го направат по нивни стандарди законот СДСМ бараат амнестија за нејзиното работење, Рената Дескоска, Зоран Заев и сите останати затоа што знаат дека има сериозни сомненија за извршен криминал и прекршување на законот на кривичниот законит токму во СЈО во изминативе години. И ние неколку пати сугериравме на тие сомненија, ние неколку пати сугериравме на милионски суми потрошени беспотребно, а еве сега гледаме дека нема никаков резултат и дека сето тоа е еден театар за исполнување на лични цели на СДСМ, на Зоран Заев и на сите останати”.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Катерина Ѓуровски