Гости на денешната дебата „Постојат ли услови за непосредна демократија?“ во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, беа граѓанските активисти од Хрватска, Теодор Целакоски, претставник на иницијативата „Не ги даваме нашите автопати“ и Драган Зелиќ, директор на граѓанската организација „Гонг“ кои ги пренесоа нивните искуства во за организирање на рефенрендумски иницијативи и заклучија дека и Хрватска и по реформитте потребни за влез во ЕУ, се уште се плаши од граѓанските иницијативи за референдум.
Целакоски ја претстави ситуацијата со хрватските автопатишта кои владата има намера да ги даде под концесија за да го намали јавниот долг на Хрватска за околу 4 милијарди евра. Иницијативата на чие чело е Целакоски смета дека тоа е лош проект.
– Владата не успева да направи вистински реформи, а со давањето под концеција на патиштата планира набрзина да претстави дека овој проект ќе се исплати. Ние сме против оваа идеја и спореведовме кампања која чинеше 80 илјади евра и транспарентно ја објавивме. Собравоме 530 илјади потписи, многу повеќе со цензусот од 400 илјади, но сега Влдата се премислува дали референдумското прашање да го даде на Уставен суд заради наводното задирање во приватната сопственост. Она што е иновативно е што за прв пат востановивме Коалиција од синдикати и 7 граѓански организации кои се борат за заедничка цел, рече Целакоски.
Драган Зелиќ, директор на граѓанската организација „Гонг“ говореше за последните законски реформи во Хрватска кои се однесуваат на граѓанските иницијативи за покренување референдум. Тој рече дека со цензусот на собрани потписи во висина од 10 отсто од запишаните гласачи, значи 450 илјади потписи, кои според законот, мора да се соберат за 15 дена.
Само синдикатите од една страна, и Католичката црква, од друга страна можат да соберат толку потписи за 15 дена. Ова се однесува на прашањата на национално ниво. На локално ниво ситуацијата е уште потешка. Потребни се промени во законот, треба детално да се дефинира медиумската кампања за референдумското прашање и кој ја финасира. Сведоци сме на кризата на претставничката демократија и стравот на власта од граѓанските иницијативи, рече Зелиќ.