(ВИДЕО) Владата за планот на Коѕијас: Потребна е волја од двете страни за решение

Од:

Од наша страна имаме добра волја за заемно прифатливо решение кое ќе ги почитува интересите, достоинство и идентитетот на двата народа, а за тоа да се случи потребно е нужна волја и компромис од двете страни, е ставот на Владата на РМ во врска со планот на Грција кој ќе биде испорачан до македонските власти кон средината на февруари. Од владата не откриваат повеќе детали , потенцирајќи дека заемно, меѓу двете држави се одвиваат работите, одговарајќи на прашање дали македонската Влада била известена за планот на Грција.

– Разговорите се водат под медијаторство на Метју Нимиц во рамки на ООН. Во таа рамка се водат и директни средби помеѓу министерствата за надворешни работи, потоа се крена еден степен погоре на ниво на премиери. Разговорите, преговорите се водат така што заемно ги работиме сите работи, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Од владата не откриваат ниту детали за очекувањата од средбата со медијаторот Нимиц, единствено го повторуваат ставот дека сега е вистинското време за решение. Медијаторот Метју Нимиц денеска пристигна во дводневна посета на Скопје. По средбите со државниот врв во Атина, Нимиц вчера изјави дека има моментум за решение на спорот со името и дека после 25 години е време за носење одлуки. Претходно, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за државната телевизија ЕРТ откри дека Грција на Македонија ќе и понуди спогодба во четири точки, кои се однесуваат на предлози за името, иредентизмот, меѓународни и регионални односи на Македонија и мерки за позитивна агенда.

Oд македонското министерство за надворешни работи реагираа дека јавното соопштување на крајните позиции го намалува просторот за разговори.

Медијаторот Нимиц утре ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Грчки политичар од срцев удар почина на плажа на Халкидики

А1он

(ВИДЕО) Каменуван е автобус со српски туристи во Грција, двајца патници и возачот се повредени

Горан Наумовски

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски