ВИДЕО: Владата со благодарност до граѓаните, медиумите и политичките субјекти по потпишувањето на Протоколот за НАТО

Од:

Владата на Република Македонија по потпишувањето на Протоколот за пристапување кон НАТО упати благодарност до сите граѓани од сите етнички заедници за мудроста и трпеливоста која ја покажале во изминатите 25 години.

„Вашата мудрост и трпеливост да не ги прифатите повиците за конфликт и поделби и да изберете политики кои носат економски просперитет, безбедност и заедништво денеска го донесоа првиот голем резултат“, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски пренесувајќи ја пораката од Владата по денешното потпишување на Пристапниот протокол во НАТО.

Од Владата упатија благодарност и до медиумите за нивната суштинска улога во исполнувањето на основните стратегиски цели на државата, како и до сите поранешни политички субјекти на кои членството во Алијансата им бил врвен приоритет.

По денешното потпишување следува ратификација на Пристапниот договор од страна на Грција, а во истиот момент измените на уставните амандмани стапуваат на сила и Владата која од тој момент станува Влада на Република Северна Македонија, ќе ги започне мерките и активностите за целосна имплементација на Договорот од Преспа.

„Взаемно, ние и Грција ќе испратиме писмо до генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, како и до сите останатите меѓународни организации кои ќе ги информираме дека спорот за името е надминат и оти новото уставно име на нашата земја е Република Северна Македонија“, појасни Бошњаковски.

Одлуката за членство во НАТО, македонското Собрание ја има донесено уште во 1993 година.

Би можело да ве интересира

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО