(ВИДЕО) Владата и Ивановски дискутираат дали МРТ е партизирана или не

Од:

На прашање како ги коментира забелешките на меѓународната заедница за партизацијата на МРТ, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска одговори дека Владата редовно дискутира за овие прашања и дека разгледува модели на еворопските државни телевизи кои би се имплементирале во Македонија.

На забелешките од ОБСЕ и ОДИХР дека јавниот сервис е политички пристрасен и на констатацијата од последниот извештај на Прибе дека МРТ известува селективно и дека недостасува уредувачка политика, Ивановски одговори:

-Во однос на извештаите што доаѓаат од меѓународната заедница, ние како Влада сите препораки претпазливо ги дискутираме и делот кој се однесува на МРТ е токму ставен во приоритетот на активности на специјалната министерска работна група во која еднаш неделно се состануваме. Ги согледуваме пракртиките во Европа на јавните радидуфузери, како тоа го имаат регулирано кај нив. Има предлози како го имаат направено. За брзо време согледувајќи ги нивните искуства ќе можеме да излеземе со еден предлог за тоа да се направи во Македонија. Ги чекаме официјалните информации од тие држави за да ги разгледаме и да видиме дали тој модел функционира во Македонија – рече Ивановски на денешната јавна расправа за финансирањето на јавниот сервис.

Извршниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, и покрај сериозните критики од меѓународните експерти, во своето воведно излагање рече дека дневните вести на телевизијата се прават според европските стандарди.

Зоран Фидановски, член на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, која функционира како надзорно тело, рече дека јавниот сервис не ги почитува законските одредби за независност и објективност и дека не известува балансирано ниту во обемот, ниту во квалитетот. Тој го праша Цветковски како планира да ги спроведе препораките на Прибе.

-Директорот на МРТ сам именува уредници додека работењето на уредниците е независно. Делот на уредувачката политика на информативната програма не би го коментирал – одговори Цветковски додавајќи дека само уредникот може да одговори што е избалансирано, а што не, како што се изрази.

Директорот на МРТ додаде дека и покрај овие забелешки, МРТ е лидер во регионот во дигитализација и единствена телевизија во регионот чија продукциска техника е во ХD резолуција.

-Можеби наша слабост е што ние доволно не продуцираме дебати надвор од нашите колегиуми, каде уредниците си кажуваат дека се најдобри на свет, за да слушнеме коментари и предлози од јавноста – рече тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он