ВИДЕО: Владата ги задолжи министерствата во текот на следните 2 месеци да реализираат по најмалку една еко акција

Од:

Владата на Република Македонија на 109-тата седница, којашто беше одржана изминатиов петок, донесе одлука да ги задолжи министерствата, органите во состав на министерствата и самостојните органи на државната управа во текот на декември годинава и во текот на јануари и февруари 2019-та година да спроведат најмалку по една акција со којашто ќе придонесат во борбата против аерозагадувањето, како и за заштита на животната средина.

Задолжените институции ваквите еколошки акции треба да ги спроведат во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, со локалните самоуправи, како и со граѓанските организации, и за тоа да ја информираат јавноста соодветно.

Препорака за вакви еко акции Владата упати до единиците на локалната самоуправа, додека на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и на акционерските друштва во државна сопственост, Владата им укажа да реализираат активности со коишто ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот.

По евалуацијата на остварените резултати, во февруари следната година повторно ќе бидат упатени вакви задолжувања и препораки, за пролетниот период.

Оваа одлука на Владата на Република Македонија претставува дополнителна поддршка во спроведувањето на мерките предвидени со Планот за чист воздух, којшто е усвоен како стратешки приоритет во работењето на владата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?