ВИДЕО: Високи тонови во Комисијата за образование

Од:

Комисија за образование, наука и спорт на која треба да се расправа за амандманите поднесени од страна на опозицијата, наместо дебата за амандманите се претвори во надмудрување како побрзо да се прескокнат амандманите.

На тоа реагираше опозицијата од каде укажаа дека претседателката Олга Најденовска грубо го прекршила Уставот на Македонија, владеење на правото загарантирано во член 8 од Уставот на Македонија, по што тие бараат нејзино разрешување. Според нив Најденовска не им дава глас и а нејзин единствен одговор на тоа беше пратениците да зборуваат за амандманот за да слушнеле што опозицијата предлага.

– Процедурата за работење е содржана во Деловникот, во изминатава недела беше брутално прекршена од претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт. Ние немаме да дозволиме вакво шверцерско носење на законите, ниту ќе дозволиме конфликт и физичка пресметка на пратениците, вели пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески.

Според опозицијата, не е усвоено ништо, а на секое кршење на процедура ќе се повикуваат на Деловникот на Собранието. Тие велат дека претседателката на комисијата не може да го одземе правото на говор, кое им е загарантирано, а таа единствено одговори пратениците да не си играат со микрофоните, бидејќи техниката не можела да издржи повеќе микрофони уклучени истовремено.

– Најденовска вие го кршите со денови членот 16 каде се гарантира слобода на говор и јавно инфрмирање. Вие велите дали ги погледнавте снимките, не давате збор на пратениците, како знаете дали се за процедурално или за збор, беа реакциите на опозицијата на седницата.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова