Со навреди, викање и забрани наставничка од скопско основно училиште се обидува да ги научи учениците да не излегуваат од училница. Додека наставничката нервозно им дава забрани за одење во други училници и во ходник, ученик успеал да направи снимка на дел од она што им го кажува.
„Одма да пренесете дома, значи вие сте стока! Да не ве видам во таа училница уште еднаш. Заборавете да ве видам у ходник. Срамота! Секоја чест на тие што си седите одговорно внатре ама оваа стокава ќе ви донесе нешто“, вели наставничката и излегува од училницата.
Снимката е направена оваа недела, а родителите се згрозени од непедагошкиот пристап на наставничката. Денес на јавно достапниот телефонски број од училиштето не одговори никој, а до објавата на текстот не добивме одговори ниту на прашањата испратени на официјалниот имејл оставен за контакт со училиштето.