(ВИДЕО) Весковски: Јакимовски да ја прекине јавната расправа за менување на ДУП за Карпош 3 до завршување на локалните избори

Од:

Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ – Карпош денеска во изјава за медиумите рече дека Стевче Јакимовски ги обвинил граѓаните на Карпош дека тие биле виновни за хаосот во општината, затоа што, според него, не ги читале деталните урбанистички планови кога се носеле.

– Граѓаните не се виновни за сите исечени дрвја во општината и уништените зелени површини. Граѓаните не се и не можат да бидат виновни за тоа што Карпош стана трета најзадолжена Општина во Македонија. Граѓани не се виновни за тоа што Карпош е една од најзагадените Општини во државата. За хаосот во општина Карпош не се виновни граѓаните туку арогантното, несовесно и неодговорно однесување на Стевче Јакимовски, партнерот на Никола Груевски. Јакимовски со години работи против интересот на граѓаните, целосно глув за нивните потреби, рече Весковски.

Тој го повика Стевче Јакимовски да ја прекина јавната расправа за изменување и дополнување на ДУП-от за Карпош 3 се до завршувањето на локалните избори.

– Карпош не може да си дозволи едно од последните маалски и зелени катчиња да биде уништено за профитерство на Јакимовски! Почитувани граѓани, заедно го браневме зеленилото, протестиравме, се спротиставивме на лошите политики на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ. Сега заедно да ја креираме Програмата за зелена, урбана и функционална општина Карпош. Заедно ќе успееме и ќе ја вратиме Општината во рацете на жителите на Карпош. Граѓаните на Карпош знаат што е добро за нивната Општина и тоа ќе го покажат на локалните избори со голема победа на СДСМ во Карпош, рече Весковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски