(ВИДЕО) Весковски: Граѓаните нема да дозволат Јакимовски заради профит да го уништи последниот зелен простор во Карпош!

Од:

„Градоначалникот Стевче Jакимовски, на крајот од неговиот штетен мандат за граѓаните, повторно, против на волјата на жителите на Општина Карпош пробува да го промени последниот детален урбанистички план за Карпош 3.

Воедно ја повикуваме и администрација на Општина Карпош да не подлегнува под притисокот на градоначалникот и остро да се спротистави на сите негови подли игри кои се на штета на граѓаните.

Со новиот план се уништува животната средина и квалитетот на живеот на жителите на Карпош.

Со новопредвидените висококатници се попречува слободниот проток на воздухот, а квалитетот на живот на граѓаните осиромашува. Новопредвидените висококатници ќе го уништат и попречат слободниот проток на воздухот, а проблемот со паркинг местата само ќе го зголемат.

Граѓаните со право се загрижени за себе и за своите деца.

Го повикуваме партнерот на Никола Груевски, гласноговорникот негов, Стевче Јакимовски, да ја прекине јавната расправа за изменување и дополнување на ДУПот за Карпош 3 се до завршување на локалните избори. Засегнатите жители на Карпош 3, ги повикуваме своите анкетни листови да ги достават во просториите на Општинската зграда.

Карпош не може да си дозволи едно од последните маалски и зелени катчиња да биде уништено од профитерството на Јакимовски!

На Општина Карпош и се потребни итни промени.

Затоа веќе на 15-ти Октомври граѓаните на Карпош ќе го казнат расипничкото и коруптивно владеење на Јакимовски, ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ. Новата локална власт предводена од СДСМ посветено ќе работи во интерес на граѓаните и општината. Ќе има ревизија на сите проекти и работењето во Карпош. Ветуваме, ќе има одговорност за секоја злоупотреба на парите на граѓаните“, изјави Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски