(ВИДЕО) Весковски: Единствен интерес на Јакимовски се бизнис зделките

Од:

„На ова место, веднаш зад трговскиот центар Сити Мол, во 2015 година градоначалникот во заминување, Стевчо Јакимовски ја започна со градба и го постави камен – темелникот на долгонајавуваната црква “Христос Спасителот”.

Иако оттогаш поминаа повеќе од 18 месеци, овде нема никаква градежна активност. Како што може да видите, позади нас има само шут и обрасната трева кои сведочат за уште едно лажно ветување на Јакимовски.

Освен овде, Јакимовски ветуваше изградба на верски храмови и во населбите Козле, Влае, Карпош 1 и 2, но до денес, ниту на тие локации нема никакви градежни активности.

Ваквото поигрување на Јакимовски со чувствата на жителите на општина Карпош само докажува дека негов единствен интерес е личното богатење преку бизнис зделките со ВМРО-ДПМНЕ, додека потребите и проблемите на граѓаните вооопшто не го интересираат.

Затоа, граѓаните на Карпош ќе го казнат коруптивното, себично и неодговорно владеење на Јакимовски.

По промените на централно ниво, веќе есенва доаѓаат промени и на локалната власт. Граѓаните ќе добијат градоначалник и Совет кои ќе бидат фокусирани на решавање на проблемите, транспарентно трошење на буџетските пари, грижа за зеленилото и за општествено – економскиот напредок на Карпош.

СДСМ заедно со вас, граѓаните, ќе го врати духот и убавината на Карпош“, изјави Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

Би можело да ве интересира

Филипче: Актуелната власт не се справува добро со пожарите во земјата

(ВИДЕО) Филипче: Mакедонската интеграција во ЕУ е сè подалечна поради политиките и изборите на власта

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

СДСМ: Мицкоски тера партиски трибини додека луѓе гинат во пожарите, целосно е одлепен од реалноста

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Гори цела Македонија, Владата нема контрола врз пожарите