(ВИДЕО) Велески: Доаѓа нова одговорна власт во Прилеп предводена од СДСМ

Од:

„За 12 години Марјан Ристески и неговите соработници, потрошија околу 200 милиони евра пари на граѓаните, а не реализираа ниту еден суштински проект за општина Прилеп.

Гасификацијата, новите училишта и градинки, булеварите, новите фабрики во индустриските зони, илјадниците нови работни места, останаа само празни ветувања.

Додека сведочиме на богатење на одредена група моќници, граѓаните на Прилеп тонат во сиромаштија, а младите се почесто се иселуваат од градот.

Малите претпријатија и дуќанџиите едвај врзуваат крај со крај и ги затвораат бизнисите, а локалната власт се грижи единствено за провизии и лично богатење.

Токму затоа, последниот отчет на Марјан Ристески претставува невидено лицемерие!

Бесрамен и очаен обид да го прикрие сето она што не го сработил, да ја сокрие личната истрошеност и безидејност, како и неспособноста на неговиот тим од директори.

Поради ваквото неодговорно и коруптивно владеење на локалната власт Општинската организација на СДСМ Прилеп поднесе кривични пријави до ОЈО скоро за сите директори на Јавните комунални претпријатија, поврзани со злоупотреби во нивната работа и сомнежи за криминални дела.

Завршуваат заканите од Марјан Ристески и Миле Јанакиески за рушење и уништување со хилта!

Завршуваат политиките на криминал, корупција и тендерски интереси.

Доаѓа време на правда и одговорност. Доаѓа време на одговорни политичари кои ќе работат чесно, посветено и домаќински.

После промените на парламентарните избори, доаѓаат промени и на локално ниво.

Прилеп ќе добие одговорна локална власт, ќе добие градоначалник и Совет од СДСМ кои ќе се грижат за интересите на граѓаните на општина Прилеп“, изјави Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници